Две тепачки меѓу групи ученици се случиле вчера во охридското училиште “Св. Наум Охридски“. Повредени се двајца ученици , од кои едниот потешко.
Учениците вчера се тепале двапати.
Првиот пат, околу 11,00 часот, пред влезот на училиштето, настанала тепачка помеѓу охриѓаните Д. Б. и Р.Р. и ученици од училиштето. Во тепачката интервенирале професорите и ја разделиле групата.
Втората тепачка се случила околу 13,00 часот на влезот од училиштетo , каде повторно настанала тепачка Р.Р., 17-годишниот Е. Б. , 17-годишниот Р. М. и 17-годишниот Х. П. биле од една страна и Д.Б., 18-годишниот С. Д. и 18-годишниот Г. В. од друга страна.
Како што информираат од полицијата, во тепачкатаЕ.Б., еден од учесниците извадил нож на преклоп, со кој замавнувал, а потоа и метален боксирач, со кој удрил ученик од другиот табор во пределот на главата, нанесувајќи му расекотина над левото уво и гребнатина под десната страна од вратот. Покрај ова, во текот на тепачката, друг учесник во неа се здобил со тешка телесна повреда на левата дланка.
СВР Охрид работи на расчистување на случајот.