А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

by А1он30/06/2024 - 12:3430/06/2024 - 12:44631
Share0

Пукање на свадба во Франција. Инцидентот се случил рано утринава кога едно лице загина, а пет се повредени, јави телевизијата Франс инфо, повикувајќи се на истражителите.

Добивај вести на вибер

Еден млад човек загина, а петмина се повредени, од кои некои се во критична состојба. Бремената жена била полесно повредена и била во шок, објави локалниот весник Le Républicain Lorrain.

Кога пристигнала брзата помош, напаѓачите веќе побегнале.

Околу 100 луѓе славеле во свадбена сала во градот Тионвил, во регионот на Лорен, во близина на германско-луксембуршката граница, кога тројца маскирани напаѓачи отвориле оган со две автоматски пушки и сачмарка, пишува France Info.

Напаѓачите пристигнале со теренско возило околу еден часот по полноќ и прво застрелале три лица пред салата за танцување, каде припадниците на турската заедница организирале свадба, се вели во соопштението.

Потоа наводно пукале во две лица на влезот и побегнале со своето возило.

Според извештаите на медиумите, форензичарите на криминалистичката полиција сè уште обезбедувале докази на местото на злосторството.

Мотивот за нападот не е јасен.

francijapukanje

Би можело да ве интересира

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Горан Наумовски31/03/2026 - 19:39

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:58

(ВИДЕО) Пукање во училиште во Аргентина – убиен е 13 годишник, осум ученици се ранети

А1он30/03/2026 - 20:5030/03/2026 - 20:51

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 19:55

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:06

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Горан Наумовски26/03/2026 - 22:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто