Во кафетеријата „Клуб Кафе“ во кумановското село Опае, вчера, околу 09:30 часот, поради неплатена сметка настанала расправија помеѓу И.А., Д.А., Б.И. и Б.И. од една страна и И.К. и И.И. од друга страна.
Во расправата Д.А. и Б.И. со нож им нанеле убодни рани на И.К. и И.И.
Повредените се пренесени во Медицинскиот центар Куманово каде им се констатирани телесни повреди и се задржани на лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.