Криумчар на мигранти, бегајќи повредил двајца полицајци и удрил во наплатна рампа

Од:

На автопатот Велес– Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и полициски службеници од СВР Велес, вчера го привеле С.Е.(24) од с.Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти, соопшти МВР.

Тој, со возилото „мазда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото удрил во службено полициско возило, при што со повреди се здобиле двајца полициски службеници и С.Е..

Претходно, С.Е. во близина на наплатна станица Демир Капија, застанал и од возилото излегле осум лица мигранти од Сирија, а удрил и во рампа од наплатната станица Отовица. С.Е. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се пренесени во прифатно –транзитен центар Винојуг.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари