Кривопаланечките планинари на акцијата „Пирамида и три манастира“

Од:

Десетина планинари од Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“, Крива Паланка вчера учествуваа на планинарската акција „Пирамида и три манастира“, организирана од Планинарско друштво „Куманово“.

Акцијата ја реализираа вкупно околу педесет планинари од Куманово, Крива Паланка, Скопје, Штип и околните општини.

– Акцијата се спроведе во променливо време, сончево со повремени врнежи, но беше успешна. Ги посетивме манастирите во кумановските села Градиште, Габрош и Скачковце и ја искачивме пирамидата на врвот Бела ѕвезда. Акцијата започнува во селото Градиште, крај патот Куманово-Свети Николе, со старт пред манастирот Свети Ѓорѓи, лоциран под самиот врв на Градишки рид, на 800 метри надморска височина, информира Соцко Тасевски од ЗПЗП „Калин Камен“.

„Пирамида и три манастира“ е традиционална планинарска акција на пријателите од ПД „Куманово“ која година се одржува по трети пат.

– Од стартот се оди низ шума се до манастирот Света Петка во селото Габреш. Од тука се качува кај блокот ораници Островица каде е лоцирана и Пирамидата. Патеката оди на врвот на пирамидата Бела Ѕвезда, по што се спушта до село Скачковце и манастирот Света Троица како крајна точка на акцијата. Целата патека е долга 18 километри и е маркирана со планинарски ознаки, додава Тасевски.

Истакна дека според Годишната програма на ЗПЗП „Калин Камен“ за мај се планирани и искачувања на Солунска глава и Титов врв, а тековно почнуваат и подготовките за искачување на Триглав во јули.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски