Кривичниот суд за случајот „Ласкарци“: Ние ургираме, но не ни го доставуваат супервештачењето

Од:

Основниот кривичен суд Скопје се огласи со соопштение во врска со денешните медиумски изјави на дел од оштетените во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци.

Од судот велат дека до овој момент имаaт доставено девет ургенции до Бирото за судски вештачење за навремено изработување на супервештачењето, кое е неопходно за да се завшри доказната постапка, да се изведат завршните зборови и да се донесе пресуда.

За сите ургенции, велат од судот, но и за одолговлекувањето од цела една година, го известиле и Судскиот совет, а на неодамнешниот промотивен настан во судот, за случајот беше запознаен и свој став даде и Министерот за правда.

Предметот на 21 декември минатата година беше испратен на супервештачење во Бирото за судски вештачења, како надлежен орган кој треба да состави тим од вешти лица за изготвување на наодот, со оглед да претходно Техничкиот факултет во Битола одби да го изработи супервештачењето заради немање доволно вештаци.

„Бирото за судски вештачења има побарано дозвола за увид во возилото, за да може да го финализираат наодот, која дозвола судот веднаш по добиеното барање, на 07.10.2022 година, им ја има издадено. Во меѓувреме, судот насрочи неколку термини за продолжување на расправата заради добиено ветување од Бирото дека привршуваат со вештиот наод. За потоа Бирото да побара нова дозвола за увид, која на 10.11.2022 година им е издадена за повторно да вршат увидот на 29. ноември. Судот, со оглед да сеуште не го добил супервештачењето, за секоја презакажана расправа ги известува странките, но и оштетените преку нивните полномошници, дека предметот заедно со вештиот наод, се уште не се вратени и судот нема Законски услови да продолжи со судењето“, велат од Кривичниот суд.

Заради сето тоа, како што додаваат,оштетените треба да знаат дека судот заради сензибилностаја водеше постапката со забрзано темпо и покрај ограничувањата од Ковид мерките. Медиумите и невладините оргнизации беа присутни на секоја расправа и е одговорено на сите барања од странките. Но, во овој момент судот, исто како и оштените и другите странки во постапката, веќе цела година е во исчекување на наодот од Бирото за супер вештачења, па заради тоа ги упатуваме оштетените, одговор да побараат и самото Биро со оглед да на нашите ургнеции, а и целиот медиумски интерес за предметот, не влијаат за побрзо завршување на постапката, велат од Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Манасиевски: Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“

А1он