Кривичниот суд го достави предметот „Титаник 2“ во скопска Апелација

Од:

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека предметот „Титаник 2“ вчера e доставен во Алелацискиот суд за надлежно постапување.

-Поради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека предметот со КОК бр. 7/20 од Обвинителството означен како „Титаник 2“ на 20.03.2023 година е доставен во Апелациониот суд Скопје на надлежно постапување. Имено, по добиени жалби од обвинетиот М.Т. и неговиот бранител, како и известување од надлежниот Јавен обвинител дека нема да поднесе дополнителни жалби, предметот е комплетиран, испочитувани се сите утврдени рокови и доставен е на понатамошно второстепено постапување, информираат од Основиот кривичен суд Скопје.

Оттаму додаваат дека по овој предмет, Апелацискиот суд Скопје веќе еднаш има постапувано, па согласно одредбите од ЗКП сега треба да донесе мериторна одлука по добиените жалби.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

Одложена седницата на Апелација за „Титаник 2“, на Мијалков му застарува делото

Катерина Ѓуровски