Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на денешната седница ги уважил жалбите на двајца осомничени во случајот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство и наместо мерката притвор, што им ја одреди судијата на претходна постапка, им определил мерки обезбедување присуство односно одземање на патна исправа со обврска да се јавува во судот во Битола и забрана да го напуштат живеалиштето.