Кривични за три лица што го тепаа Тодор Петров

Од:

Три лица ќе добијат кривични пријави во врска со физичкиот напад врз Тодор Петров во угостителскиот објект „Казабланка“, соопшти МВР.

„Денеска во полициската станица „Бит-пазар“ беа повикани лицата Ќ.M (64), Е.Б. (55), А.А. (53), И.Г. (52) и Б.А. (41), Е.Б. (32), А.Е.(37), Б.Љ. (28) и Х.А. (34) сите од Скопје. На поканата не се јавија само А.Б. и И.Г. Во извршените разговори со лицата, истите изјавија дека на 27 февруари 2016 година биле присутни во угостителскиот објект каде се случи кривично правниот настан“, соопшти МВР.

Истиот ден во полициската станица „Бит-пазар“ во присуство на Јавен oбвинител било извршено соочување помеѓу оштетениот и лицата Е.Б. (32), А. Е. (37), Б.Љ. (28) и Х.А. (34). При тоа, од страна на оштетениот лицата Е.Б. и А.Е. се посочени како лица кои биле во групата која физички го нападнала на 27/02/2016 година во угостителскиот објект „Казабланка“ заедно со лицето А.Б.

По извршените консултации со Јавен обвинител, Единицата за насилен криминал, во текот на денот, ќе поднесе кривична пријава против Е.Б. А.Е. и А.Б. поради основано соменвање дека се сторители на кривично дело „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Исто така, по дадена насока од ЈО двајца се лишени од слобода, па ослободени со обврска во текот на утрешниот ден да се јават кај ЈО.

Би можело да ве интересира

Петров: Собранието врши инквизиција на правата на граѓаните

Ана Ололовска

ВИДЕО: По трет пат одбиена иницијативата на Тодор Петров за референдум за името

Ана Ололовска

Тодор Петров со нова иницијатива за референдум за името

Ана Ололовска

Собранието како неуредна ја оцени иницијативата за референдум на Тодор Петров

Ана Ололовска

Тодор Петров ја повлече иницијативата за нов референдум за името

Ана Ололовска

Иницијативата на Тодор Петров за референдум за името в понеделник пред пратениците

Ана Ололовска