Тодор Петров со нова иницијатива за референдум за името

Од:

Тодор Петров до Собранието достави нова граѓанска иницијатива за собирање најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Републиката.

Иницијативата е поткрепена со потписи од 157 граѓани, за распишување на референдум на кои граѓаните треба да одговорат со за или против на прашањето:

„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“

Слична иницијатива на Петров беше отфрлена како неуредна пред еден месец бидејќи не била во согласност со Законот за референдум, бидејќи прашањето кое беше поставено било пред донесување на актот кој го уредува тоа прашање.

Петров наведува дека изменетите амандмани на Уставот стапиле на сила на 12. февруари. Според него прашањето на референдумот од 30. септември 2018 година „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“?, било со консултативен карактер и не било исто со прашањето кое сега се предлага за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија.

Иницијативата ќе се разгледува на денешните седници на надлежните комисии.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието