Кривични за насилниците кои извршија напад врз домот на Венцо Вуинов

Од:

Полициската станица во Виница поднесе кривична пријава против В.А.(21), Р.З.(22), Д.В.(36) и М.А.(21) сите од Виница за сторено кривично дело „насилство“ и против Г.В.(41) од Виница за „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 31.03.2013 година, околу 05,00 часот, во Виница на ул. „Рајко Жинзифов“, четворицата првопријавени дошле пред домот на Венцо Вуинов, кандидатот за градоначалник на Виница од Сојузот за иднината за Виница, и почнале да извикуваат навредливи зборови кон истиот и насилно се однесувале кршејќи шишиња, превртувајќи канти за ѓубре и со бекатон плочки фрлале кон неговиот дом.

Пријавените потоа влегле во возило и на оддалеченост од околу 140 метри биле пресретнати од патничко моторно возило „форд фиеста“ управувано од Г.В., родина на В.В. кој им го попречил патот, по што со пиштол што го поседува со дозвола, им наредил да излезат од возилото и им се заканил дека ќе посегне по нивните животи.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина