Кривични против две раководителки во болницата во Охрид поради злоупотреба на службена положба

Од:

Кривична пријава е покрената против две вработени во ЈЗУ Општа болница Охрид поради „злоупоптреба на службената положба и овластување“.

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(58) од Охрид и О.Л.(49) од Струга.

Првопријавената, како помошник директор за економски работи на болницата во период од февруари 2012 година до ноември 2015 година изготвила 13 наредби за прекувремена работа со невистинита содржина. Второпријавената, како шеф на отсек за комерција и јавни набавки во болницата изготвила десет наредби за прекувремена работа со невистинита содржина.

Истите ги завериле наредбите со свои потписи, како и со факсимилот со скратен потпис од директорот на болницата, без овластување од него.

Пријавените, за да ги потврдат изготвените наредби и ги дале службените картички за редовност на хигиеничарката и со усна наредба ја задолжиле да врши отчитување на истите во 20:00 часот и покрај тоа што пријавените останувале на работните места до 16:00 часот.

Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 141.746 денари, на штета на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски