Кривични пријави за тешка кражба за тројца скопјани

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Д.М. (20), М.К. (22), Џ.Р. (41) и малолетната А.Д. (15) поради основано сомнение дека  извршиле „тешка кражба од останати објекти“ и „тешка кражба од куќа“.

Кражбата во локал во трговскиот центар „Олимпико“ ја извршиле Д.М., неговата невенчана сопруга М.К. и Џ.Р. така што со патничко возило „Рено“ дошле пред објектот и со штравцигер ја отвориле вратата и одзеле дел од компјутерската опрема. Биле забележани од обезбедувањето по што се исплашиле и украдените предмети ги оставиле на тревникот во близина на трговскиот центар.

По извршеното вештачење од страна на полицијата, приведени се Д.М. и М.К., а Џ.Р е недостапен.

Инаку, Д.М. заедно со М.К. и малолетната Д.А. и со друг помал малолетник минатата недела извршиле уште една тешка кражба во куќа на улица „Рилски конгрес“. Од домот одзеле еден лап топ компјутер, дрвена и метална кутија во која имало еден рачен часовник марка „Касио“ и бижутерија.

Разбојниците биле забележани од соседите и ја известиле полицијата по што се фатени од страна на единицата АЛФИ.

Лицата Д.М., М.К. и Џ.Р. и се познати на полицијата и по други кривични дела. СВР Скопје работи на расчистување на други дела извршени од страна на овие сторители.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп