Кривични пријави за седум лица за убиството и тепачката на Матка

Од:

Како што информираат од МВР, полицијата поднела шест кривични пријави за „учество во тепачка“ и една за „убиство“ за инцидентот што се случи на Матка на 15. април оваа година, кога едно момче беше убиено од убод со нож.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Е. (18), Џ.С. (18), еден 16-годишник, сите од с.Шишево, 16-годишник од с. Сарај, 13-годишник од Скопје, 14-годишник од с. Грчец и 13-годишник од с. Сарај поради постоење основи на сомнение дека А.Е. извршил кривично дело „убиство“, а другите пријавени извршиле кривично дело „учество во тепачка“.

На 15.04.2017 година околу 15.00 часот пред браната-Долна Матка настанала меѓусебна вербална расправија помеѓу А.Е., Џ.С. и 16-годишникот од с.Шишево од една страна и останатите пријавени од друга страна. По кусо време расправијата прераснала во тепачка во која А.Е. со нож му нанел еден убод во пределот на градите на 17-годишник од с.Сарај од кој починал на местото на настанот, додека на неговиот брат со нож му нанел површинска расекотина во пределот на градите.

Од страна на Судија на претходна постапка на А.Е. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на другите пријавени им е изречена мерка претпазливост.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ