Кривични пријави за подметнат пожар по нарачка во Битола

Од:

Скопје, 12 јуни 2015 (МИА) – Битолчаните П.Д. (29) и М.Б (42) се осомничени дека по нарачка од трето лице намерно предизвикале пожар во продавница за чевли, од кој е причинета материјална штета од 1.500.000 денари.

Против П.Д. и М.Б. е поднесена кривична поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“, во врска со „тешки дела против општата сигурност”, а против непознат сторител за „поттикнување“.
МВР денеска соопшти дека П.Д. и М.Б на 9-ти овој месец во 1:30 часот на ул.„Петар Петровиќ Његош“ со бекатон плочка скршиле стакло од излогот на продавница за чевли, а потоа второпријавениот низ направениот отвор во внатрешноста фрлил стаклено шише со бензин и со запалено крпче во отворот при што предизвикале пожар во продавницата. Од пожарот биле оштетени повеќе рафтови, стотина пара чевли, чанти, три клима уреди, надзорни камери, фискална каса како и други предмети, предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на луѓето, додека пак на оштетениот му причиниле поголема материјална штета која била пријавена од околу 1.500.000 денари.

Двајцата првопријавени го сториле дејството по претходен договор со третопријавениот, кој за таа цел им ветил и непосредно по настанот им исплатил паричен надомест од 300 евра, кој го поделиле меѓусебно. На тој начин третопријавениот ги поттикнал прво и второ пријавените да ги кривични дела. П.Д.(29), М.Б.(42) од порано се познати сторители на кривични дела од областа на имотните деликти, недозволена трговија со дрога, измами и слични дела.

Би можело да ве интересира

Акцијата во Скопје е за неовластено тргување со културно наследство, се претресуваат фирми, се апсат и осомничени

Во потрагата по Вања пребарувано е коритото на Вардар, подруми во околината, контактирани се цркви и манастири

А1он

(ВИДЕО) Не се чекаат 48 часа за потрага: Како тече постапката за пријавување исчезнати малолетници во Македонија?

Александар Тодески

По Вања се уште се трага, не е вистина дека била најдена во соседна држава

Александар Тодески

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Уапсена 54 годишна жена во гостиварско Градец, украла пари и накит во јавен превоз

А1он