Кривични пријави за осум лица кои на граница покажале фалсификувани ПЦР-тестови

Од:

Регионалниот центар за Гранични работи Исток поднесе осум кривични пријави за лица кои на граничниот премин „Деве Баир“ прикажале фалсификувани ПЦР-тестови за коронавирус.

Како што соопшти МВР, кривични пријави се поднесени против Е.М.(34), Ф.Х.М.(33), двајцата од село Врапчиште, Гостиварско, Е.И.(31), Џ.И.(29), двајцата од Гостивар, Н.А.(42) од Кондово, Скопско, В.Б.(22), А.М.(35), двајцата од Студеничани, Скопско и Б.С.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела „фалсификување исправа“ и осум кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“.

Пријавените, на Граничен премин „Деве Баир“ доставиле на увид негативни ПЦР-тестови, но при вршење на дополнителна проверка било утврдено дека тестовите се фалсификувани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицајци на „Блаце“ лажно запишувале влез на Турци кои воопшто не ја поминале границата

Катерина Ѓуровски

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Германец и Албанка фатени со над 50 килограми марихуана на „Деве Баир“

Катерина Ѓуровски

Нормализиран сообраќајот на патот Крива паланка – Деве Баир

Од Крива Паланка кон Деве Баир поради одрон сообраќајот затворен за камиони, автомобилите се движат наизменично

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов