Кривични пријави за ограбувачот на аптеки и за џепџија

Од:

СВР Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје го предаде лицето Б.П.(46) од Скопје, поради основи на сомнение дека завчера извршил кривично дело „разбојништво“ со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.800,00 денари.

Како што информира МВР, пријавениот кривичното дело го извршил околу 13:25 часот на булеварот „Крсте Мисирков‘‘ поточно зад пазарот „Бит Пазар‘‘, односно додека оштетената пазарувала и се движела околу тезгите, пријавениот и го грабнал паричникот од левата рака, во кој имала 1.800 денари во разни апоени и други лични документи. Оштетената се обидувала да не го испушти паричникот, но истиот со употреба на физичка сила ја турнал на земја и неколку метри ја влечел и откако ја совладал, трчајќи се обидел да побегне.

– Притоа пријавениот е фатен и задржан од страна на трето лице, се до доаѓање на полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност „Бит Пазар‘‘ по што е лишен од слобода и приведен. На оштетената од извршеното кривично дело и се нанесени телесни повреди поради што и е укажана лекарска помош, а одземениот паричник и е вратен, соопшти МВР.

СВР Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде и М.А.(44) од Скопје, поради основи на сомнение дека во периодот од 23-ти минатиот месец до завчера извршил девет кривични дела „разбојништво“ со што се стекнал со противправна имотна корист од 147.655,00 денари.

Пријавениот кривичните дела ги извршил во аптеки и тоа по две кривични дела во ПЗУ „Зегин Фарм“ лоцирана на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и во ПЗУ „Еурофарм“ лоцирана на улицата „Кемал Сејфула“, а по едно кривично дело во ПЗУ „Зегин Фарм“ на улицата „Џон Кенеди“, ПЗУ „Зегин Фарм“ на улицата „Лазар Трповски“, аптека „Херба“ во Поликлиника „Бит Пазар“, аптека „Молика“ на улицата „Цветан Димов“ и ПЗУ „Да-Јана фарм“ на улицата „Кемал Сејфула“.

– Кривичните дела ги извршил со користење на мал пиштол сребрена боја притоа упатувајќи сериозни закани по животот на вработените, по што го одземал дневниот промет од касите во аптеките. Веднаш по извршувањето на деветтото кривично дело завчера во ПЗУ „Да-Јана фарм“ лоцирана на улицата „Кемал Сејфула“, М.А. кој на главата имал капа и го држел пиштолот во рака бил забележан како бега во правец кон објектот на Македонски пошти – Чаир. Во моментот кога бил пресретнат од полициски службеник од единицата Алфа, пријавениот најпрвин го вперил пиштолот кон него, а потоа го фрлил во дворот од поштата, при што е спречен во намерата да избега и е лишен од слобода, појасни МВР.

По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје од седум аптеки се подигнати снимки од редовен видео надзор во кои јасно се гледа пријавениот додека ги извршува кривичните дела.
По извршениот службен разговор со пријавениот, му се одземени паричните средства кои потекнуват од последно извршеното кривично дело и се вратени на оштетениот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата

Лекари, вработени во клиники, адвокати меѓу осомничените за измамите со парите за туѓа нега и инвалидски пензии

Катерина Ѓуровски

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила