Кривични пријави за насилничките што тепаа девојче и за нивните родители, најавува МВР

Од:

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот со врсничкото насилство во скопската населба Аеродром, каде 12-годишно девојче било понижувано и физички нападнато од група малолетници.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 1 јули 2026 година во 19:30 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка на 30 јуни, околу 22:00 часот, во парк на подрачјето на Општина Аеродром била физички нападната од 14-годишна малолетничка.

Како што е наведено во пријавата, девојчето претходно било принудено во два наврати да клекне на колена и да се извинува, а кога се обидело да си замине, било физички нападнато од друга малолетничка. Целиот настан бил сниман со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, при што жртвата препознала едно од лицата.

Истиот ден, во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители.

За случајот е известен јавен обвинител за малолетници, како и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Од МВР информираат дека се преземаат активности за утврдување на идентитетот и на останатите инволвирани малолетни лица, со цел целосно расчистување на случајот. По завршувањето на истрагата ќе бидат поднесени кривични пријави за кривичните дела „насилство“ по член 386 и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кривична против 18-годишна девојка и две малолетнички за врсничкото насилство во Куманово

Катерина Ѓуровски

Јаневска: Одговорност мора да има и за родителите за случајот со врсничко насилство

Предраг Петровиќ

„Шамарите во Аеродром“ низ призмата на психологијата: Билјана Вуковиќ објаснува зошто врсниците снимале наместо да помогнат

Катерина Ѓуровски

Побарана подготвителна постапка за четирите малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Кривични пријави за четирите малолетнички кои малтретираа 13- годишно девојче во Ѓорче Петров, кривични ќе има и за нивните родители