Кривични пријави за малолетници од Скопје за тешка кражба

Од:

СВР-Скопје до скопското Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против  Е.М. (16) и А.Ј. (17) двајцата од Скопје, поради постоење основано сомневање дека извршиле кривично дело „тешка кражба“.

Според МВР, пријавените во моментот на извршување на кривичното дело биле бегалци од Воспитно поправниот дом (ВДП) во Велес. Издржувале мерка „Упатување во ВПД“ за сторени тешки кражби и кражби, за што во периодот од 2010 до 2012 година на Е.М., регистриран зависник на наркотични дроги, му се поднесени 111 кривични пријави за имотни деликти, а на А.Ј. 11, исто така, за имотни деликти.

Кривичното дело го извршиле вечерта околу 22 часот на 11. овој месец во куќа на ул. „Врпоље„ во скопската населба Лисиче, кога сопственикот не бил дома. Одзеле поголема количина златен и сребрен накит и трофеен пиштол калибар 6,35, рамка со седум куршуми и кутија со 23 куршуми од истиот калибар. По кражбата се упатиле на ул. „Трета Македонска бригада“, каде запреле и се качиле во такси возило. Полициски службеници на мобилната единица „Алфа“ ги забележале додека барале такси и по кусо следење го сопреле такси возилото. При легитимирањето, Е.М. и А.Ј. немале документи за идентификација, но  бидејќи носеле пиштол и кеса со поголема количина златен и сребрен накит се приведени во Полициската станица „Аеродром“.

Двајцата малолетници првично дале лажни податоци за својот идентитет. Откако полицијата им го утврдила идентитетот и дознала дека се бегалци од воспитно поправен дом, кажале дека пронајдените предмети потекнуваат од кривично дело, што го извршиле пред да бидат легитимирани. По ова, полициски службеници заедно со пријавените заминале во куќата каде е извршен грабежот и го вратиле украдениот накит, а пиштолот е даден на вештачење во Секторот за криминалистичка техника во МВР. Е.М. и А.Ј. се вратени во Воспитно поправниот дом во Велес, за издржување на мерката изречена од Основниот суд Скопје I.

Од МВР информираат дека од извршените разговори со пријавените, како и од преземените оперативни мерки, постојат индиции дека Е.М. и А.Ј. се сторители и на други кривични дела, за кои по обезбедувањето докази ќе следуваат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп