Кривични пријави за четири лица што фрлија Молотови коктели врз Музејот на Албанската азбука во Битола

Од:

СВР Битола до Основото јавно обвинителство во Битола поднесе кривична пријава против четири лица на возраст од 16 до 17 години, од нив три лица се од Битола и едно лице од Демир Хисар, заради постоење на основ на сомнение дека извршиле кривично дело „Предизвикување општа опасност“.

Од СВР-Битола информираат дека на 7 март годинава околу 03.00 часот, пријавените извршиле кривично дело „Предизвикување општа опасност“ на начин што пријавените изработиле 4 молотови коктели, односно стаклени шишиња кои ги наполниле со нафта, потоа ги затвориле со тапа и ставиле крпи околу нив кои ги залепиле со селотејп лента, и се упатиле кон Националната установа „Музеј на албанската азбука“ лоциран на „Булевар 1-ви Мај“ број 25, каде дел од нив ги запалиле со цел да го опожарат објектот.

– СВР-Битола презеде низа мерки и активности со цел откривање на сторителите и расчистување на кривично правниот настан. СВР Битола изврши увид и пронајдени се повеќе траги и предмети кои се подигнати и испратени на вештачење, пронајдена е и ДНК и утврдено е соовпаѓање со ДНК профилот на првопријавениот. Покрај тоа обезбедени се и други материјални докази кои укажуваат дека пријавените малолетни лица се извршители на кривичното дело, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Од СВР-Битола нагласуваат дека согласно Законот за правда на децата, и со оглед на фактот дека се малолетни, не се споделуваат нивните лични податоци со јавноста.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ