Кривични пријави за бесправна сеча на дрва и нелегален транспорт

Од:

Референт за превоз и дотур во придружницата шумско стопанство „Бабуна“ од Велес, С.С. (49), е осомничен дека на лицата Р.И. (26), Џ.И. (32) и Ќ.Б. (23) им овозможил легално да превезат бесправно исечени 7,5 метри кубни огревно дрво – бука.

Против сите четворица Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје во декември минатата година во оперативната акција „Гора“ поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека пријавените сториле седум кривични дела.

Според МВР, откако тројцата пријавени бесправно исекле огревно дрво бука, С.С со својот потпис и со печат на ЈП Македонски шуми-ПШС „Бабуна“ Велес, заверил испратница во која внел невистинити податоци иако знаел и бил свесен дека жигосал и овозможил утовар на дрва во товарно моторно возило марка „Застава“ со велешки регистарски ознаки. Испратницата со невистинита содржина му ја дал на второпријавениот Р.И. кој додека го возел камионот бил сопрен и контролиран од полициски службеници од единицата АЛФА и Шумската полиција.

На овој начин С.С им овозможил на другите тројца пријавени да се стекнат со противправна имотна корист воедно оштетувајќи го Буџетот на РМ со 51.000 денари.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

По гинеколози на конкурс се бараат и дрвосечачи Албанци, и тоа во Берово

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Граѓаните и оваа година ќе имаат недостаток на огревно дрво

Вработен во „Национални шуми“ со измама и фалсификувани документи заработи над 100.000 евра