Кривични пријави за 125 компании кои не исплатиле плати, а добиле помош од државата

Од:

За вкупно 125 компании кои од март до декември добиле финансиска помош за исплата на плати од државата во висина од речиси 2 милиони денари се поднесени кривични пријави од Управата за јавни приходи до Основното јавно обвинителство, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска на дсенешната прес конференција.

Контролите кои УЈП ги врши во координација со Државниот инспекторат за труд а се однесуваат на злоупотреба на финсиските средства што државата ги обезбеди за помош на компаниите за исплата на намалените плати покажале дека најмногу злоупотреби има во компании од Скопје, потоа од тетово и од Гостивар. Најчесто станува збор за фирми кои се занимаваат со трговска дејност, градежништво, угостистелски услуги,транспорт и текстил.

„Со контролите што ги спроведуваме го намаливме бројот на компаниите кои ги злоупотребиле средствата односно давамед налог за присилна наплата и насочување на средствата за исплата на платите на вработените. За компаниите кои не ги исплатиле платите а земале средстѕва од државата се поднесени и кривични пријави до ОЈО“, рече Лукаревска.

Највисокиот износ за исплата на плата по вработен што го добиле компаниите е 21.776 денари и се однесува на поддршка таму каде што намалувањето е 80 отсто.

До УЈП од март до декември минатата година на повикот за помош од последиците од Ковид 19 кризата се поднесени вкупно 13.851 барање. Контролите констатирале дека 596 работодавачи кои зеле помош за 2421 вработен не ја исплатиле платата но по пријавите овој број се намалил на 245 работодавачи. За нив се изготвени опомени и ако не извршат уплата на плата, со блокада на парични средстви ќе биде направен пренос кај вработените .

„Сите работодавачи кои користат финасиска поддршка за плати , со поднесувањето на барањето за април и мај имаат дадено изјава дека истите средства ќе бидат наменски искористени за работниците. Продолжуваме со контролите и сите оние кои и натаму ќе прават злоупотреби ќе тгреба законски да одговораат а сите неплаќачи ќе бидат транспарентно јавно објавени“, рече Лукаревска.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за субјекти поради злупотреба на службена должност и несовесно обезбедување на локалитетот „Плаошник“ во Охрид

ВИДЕО: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за 12 полицајци и шест вработени во Државни патишта

Четворица битолчани заработија кривични за предизвикување на пожари

Кривични пријави за смртта на багеристот на објект во Дебар Маало

Две кривични пријави за вработен во „Национални шуми“-Подружница „Беласица“ од Струмица

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани