Кривични пријави против шестмина жители на Кичево поради учество во тепачка

Од:

Полицијата во Кичево поднесе кривични пријави против шест лица, жители на градот поради учество во тепачка.

Кривични пријави се поднесени против С.Б. (43), А.П. (48), А.М. (31), Р.В.(50), А.Б. (24) и М.А. (26).

На 29 октомри во близина на бензиска пумпа кај кичевското село Трапчин Дол настанала расправија помеѓу првопријавениот С.Б. и второпријавениот А.П. кој претходната ноќ скршил апарат за игри на среќа во казино ,,Аладин“ во Кичево.

Притоа С.Б. кој бил сопственик на агенција што го обезбедувала казиното, физички го нападнал А.П. удирајќи го со тупаници по целото тело. По кратко време, во тепачката се вклучиле и останатите пријавени, вработени во агенција за обезбедување кои со раце и нозе удирале по А.П.

Понатамошниот тек на тепачката е прекинат од полициски службеници по што А.П. е пренесен во Општата болница, каде, се констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите тешко повредениот е префрлен во Клиничкиот центар во Битола, изјави портпаролот на СВР-Охрид Стеван Димоски.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски