Кривични пријави против седуммина од тепачите на дете во Кочани

Од:

Седуммина учесници во инцидентот во населбата Трајаново трло во Кочани, во кој беше малтретирано и тепано десетгодишно дете, добија кривични пријави за насилство врз дете, информира полицијата.

„На 15.04.2021 Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Д.Д.(29), Н.С.(55), М.В.(31), С.С.(27), С.Д.(46), Р.Р.(31) и М.П.(34) сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство врз дете“ предвидено по член 201-а од Кривичниот законик. Настанот се случил на 11.04.2021 околу 19.50 часот, во дворот од куќата на Н.С. во Кочани, каде пријавените физички нападнале дете,“ се вели во полициското соопштение.

За случајот бил известен Центарот за социјална работа Кочани, по што детето било предадено во Центарот за социјални работи Скопје.

Би можело да ве интересира

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец