А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривични пријави против поранешни директори и управители на АД „Водостопанство“ за злоупотреба на службена положба

by А1он24/09/2018 - 14:25400
Share1

Поднесена е кривична пријава против М.К. (37), Х.Д. (34), М.В. (45), С.В. (20), К.Т. (36), М.О. (34), сите од Скопје, и С.С. (54) од Штип, З.В. (42) од Виница, С.Ц. (37), Б.З. (41) и Л.П. (39), тројцата од Кавадарци, и С.Б. (40) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Добивај вести на вибер

„Во периодот од октомври 2017 до февруари 2018 година првопријавениот како претседател на одборот на директори и вршител на функцијата главен извршен директор на АД ‘Водостопанство’ и Е.У. (почината – постапката против неа е прекината) како главен извршен директор на АД ‘Водостопанство’ на РМ, спротивно на Законот за јавните набавки, Законот за водите и Правилникот за условите, начинот и постапката за продажба на изваден наносен материјал – песок, чакал и камен од речните корита, на 11 фирми, во кои другите пријавени биле управители, им доделиле договори за јавна набавка со цел подобрување на режимот на водата во речните корита“, се наведува во соопштението на МВР.

На тој начин првопријавениот и Е.У. им овозможиле на другите пријавени да стекнат противправна имотна корист, која ќе биде дополнително утврдена.

strumica

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:2508/02/2026 - 15:13

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:07

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

Горан Наумовски04/02/2026 - 16:12

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 10:1727/01/2026 - 14:24

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он24/01/2026 - 14:3824/01/2026 - 14:39

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Горан Наумовски25/12/2025 - 08:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен