Кривични пријави против двајца охриѓани осомничени за „изнуда“

Од:

Полицијата поднесе кривични пријави против лицата Ј.М. (35) и Ц.М. (36) од Охрид, поради постоење основано сомнение дека се сторители на казнено дело „изнуда“.

Пријавените во текот на минатата година му се заканувале на сопственикот на угостителскиот објект „Свис“ во населбата „Св. Стефан“ во Охрид, за да се откаже од намерата непосредно до својот угостителски објект да го купи крајбрежниот дел од плажата, со површина од 264 метри квадратни. Поради сериозноста на заканите, сопственикот на угостителскиот објект „Свис“ во текот на минатата летна туристичка сезона не можел да оствари корисничко право и владение врз односниот дел од плажата, што претходно со предоговор за купопродажба го купил од Дебарско-кичевската епархија, при МПЦ. Според полицијата, односното земјиште пријавените непречено го користеле во периодот од 15 јуни 2010 до 15 јуни 2011 година по склучен договор за времено користење. По истекот на едногодишниот договор, пријавениот Ј.М со лицето И.К. од Охрид бесправно го продолжиле користењето на просторот во 2012 и 2013 година, бесправно го уредиле за обавување угостителска дејност, го користеле и го издавале под закуп на други лица. Тие неовластено извеле и одредени градежни активности, поставиле угостителска опрема, без добиена согласност од ЕВН користеле електрично напојување и без добиена согласност од ЈП„Проаква“ користеле вода од градскиот водовод.

Состојбите биле констатирани при извршени контроли на објектот во текот на јуни и јули 2013 година од страна на општинскиот градежен инспекторат, од државниот пазарен инспекторат и од ЈП„Проаква“ – Р.Е.„Водовод“ од Охрид. Во упатените закани пријавените го присилувале сопственикот на „Свис“ да им ги конпензира нивните предходно направени трошоци од повеќегодишното уредување на просторот со плажата, што според нивна пресметка изнесувало околу сто илјади евра. 

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски