Кривични пријави од ЕВН за крадење електрична енергија

Од:

ЕВН Македонија во првата недела од  јули на 11 корисници им испорача пресметки за неовластено користење електричната енергија и во судовите поднесе кривични  пријави против нив.

Како што соопшти компанијата, штетата која ја направиле во системот изнесува 1,4 милони денари. Директно приклучени во мрежата биле осум корисници, еден од фатените корисници го манипулирал броилото, а двајца имале непријавено броило во системот што, исто така е кривично дело казниво според законските прописи во земјава.

За првите шест месеци бројките покажуваат дека ЕВН Македонија на 880 корисници им испорачала поединечни пресметки за неовластено користење електричната енергија во висина од над 300.000 денари. Корисниците заработиле и кривични пријави според кои ќе одговараат пред судовите за стореното кривично дело  за кое може да заработат и казна затвор во траење до 5 год.

Според анализите 144 корисници ги манипулирале броилата, 341 директно краделе електрична енергија, 133 самоволно се приклучиле откако предходно поради долг биле исклучени, а кај 262 корисника се најдени непријавени броила.

За првите 6 месеци годинава штетата е проценета на околу 124 милони денари, а крадците украле 17,5 милони кWh електрична енергија. Државата е оштетена за процентот на данокот на додадена вредност ( 18%) или околу 21 милион денари кој не можел да биде пресметан бидејќи потрошената електрична енергија не била фактурирана на корисниците.

Покрај оваа директна штета на дистрибутерот и државата, забележано е зголемување на материјална штета што овие корисници ја предизвикале на други корисници, најчесто нивните соседи.

Праксата покажува дека скоро секоја 5-та кражба предизвикува поголеми или помали пожари и други несреќи, што значи овие корисници во опасност ги доведуваат и своите, но и животите на другите кои живеат во близина на местата каде што се краде електричната енергија.

Би можело да ве интересира

Обид за кражба на изборен материјал од простории во Општина Чаир

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка