Кривична за вработен во „Македонски шуми“ кој дозволил бесправна сеча

Од:

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против Г.С. (45) од кичевското село Другово кој, како самостоен референт вработен во Јавното претпријатие „Македонски шуми“, ја злоупотребил службената положба, дозволувајќи бесправна сеча на 10 метри кубни дрва со што државата е оштетена за 70.000 денари.

На 14 јули годинава, Г.С., спротивно на Законот за шуми, му дозволил на П.Л. од Кичево да исече огревно дабово дрво и со тоа да стекне материјална корист од 8.217 денари. Иако знаел дека П.Л. не доставил комплетна документација, Г.С. изготвил одобрение за сеча на дрво на катастарската парцела во месноста Белица заведена во имотен лист како култура-нива за која не е потребен геодетски елаборат. Потоа во соседната катастарска парцела за која е потребен геодетски елаборат, жигосал дабови стебла во количина од 10 метри кубни со што на физичкото лице од Кичево, кое не доставило таков елаборат, му овозможил противправна сеча на дрвна маса и нелегална имотна корист.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба