Кривична за сопственик на градежна фирма од Скопје

Од:

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на управител и сопственик на правен субјект за градежништво, проектирање и трговија од Скопје.

Тој во периодот од 1.1.2016 година до 31.12.2016 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговска стока (лед-ламби, керамички плочки, теписони, хидроизолациски материјал, лавабоа, веце-школки, делови за лифтови, огледала, потопни пумпи, котли за централно греење и сл.), евидентирана на залиха во вредност од 9.971.080,00 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција како кусок, при што, како што информираaт од финансиската полиција, не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на додадена вредност по даночна стапка од 18%, во износ од 1.794.794,00 денари и данок на добивка по даночна стапка од 10%, во износ од 997.108,00 денари.

За застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 19.441.227,00 денари, кои не се прикажани како приходи во билансот на успех и даночниот биланс на правниот субјект, тој не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 1.944.123,00 денари.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности лицето не изготвило и не поднело завршни сметки за 2016, 2017, 2018, 2019 и 2020 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија, со што не пресметало, не пријавило обврска за данок и не уплатило даноци по разни основи во вкупен износ од 4.736.025,00 денари, за кој износ го оштетило буџетот на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Бизнисмени и државен службеник осомничени за четири кривични дела

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Ана Ололовска

Кривична пријава за тројца вработени во ЈСП, украле близу половина милион евра од дневниот промет

Ана Ололовска

Финансиска полиција: Управата во своето работење постапува неселективно и непристрасно

Ана Ололовска

Кривична пријава против три лица за набавка на медицински средства за Клиниката за токсикологија

Ана Ололовска

Кривична пријава против двајца управители во ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз

Ана Ололовска