Кривична за поранешниот секретар на Општина Битола

Од:

За 29.200 евра С.Б. (56) од Битола го оштетил општинскиот буџет, неспроведувајќи ги измените на Одлуката за користење спортски објекти, соопшти МВР.

С.Б. во 2012 и 2013 година бил раководител на Секторот за финансии во општина Битола, а во 2014 година и секретар поради што, против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот во 2012 и 2013 година како раководител, а потоа во 2014 година и како секретар на Општина Битола, иако бил должен, не го известил закупецот за измените во висината на надоместокот за закуп. Со тоа овозможил закупецот, од 01.12.2012 до 01.11.2016 да стекне 7.300 евра годишно имотна корист од подзакуп на спортски објекти, а на штета на буџетот на општина Битола или 29.200 евра (околу 1.800.000 денари) за сите четири години.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ