Кривична за ексдиректорката на СУГС „Никола Карев“

Од:

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против ексдиректорката на СУГС „Никола Карев“ во Скопје, Елизабета Марковска – Ставревска за злоупотреба на службена положба и овластување. Со нелегално издавање на делови од училиштето, директорката се сомничи дека направила штета на гимназијата од два милиони денари.

„Кривичната е поднесена поради постоење на основано сомненине дека во периодот од 2012 до 2018 година директорката ја злоупотребила својата службена положба и овластување, на начин што во 2012 година, спротивно на одредбите од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и Одлуката за давање под закуп на училиштен простор во средните училишта на Градот Скопје од 04.02.2010 година, склучила три договори за закуп на училиштен простор, за кои не издала фактури за закуп со што на правните лица им овозможила да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 2.014.125,00 денари, на кој начин го оштетила буџетот на СУГС гимназија ‘Никола Карев’“, соопшти Упрвата за финансиска полиција.

Управата за финансиска полиција денес извести дека поднеле повеќе кривични пријави за даночни затајувања.

Штета на Буџетот на РМ во висина од 18.669.103 денари, Финансиската полиција утврдила дека направиле лицата С. Ј. Сопственик и управител на „Јурукоски секо ДООЕЛ“ од Скопје, М.М. сопственик и управител на на „Аспилакопа ДООЕЛ “ од Скопје, Е.М. сопственик и управител на „Ескарибур голд ДООЕЛ“ од Куманово и Г.С. сопственик и уравител на „Стари – ММ ДООЕЛ“ од Куманово. Се сомничат за користење фалсификувани фактури за наводно изврешни набавки со кои избегнувале оданочување.

Кривична пријава Управта поднесе и против Ф.В. управителка на „МЕГА – ФО Фросина и Оливер ДОО увоз – извоз Скопје“ за даночни затајувања во периодот од 01.01.2012 до 16.11.2018 година во износ од 3.347.726 денари со кои е оштетен Буџетот на РМ.

Против бугарскиот државјанин Л.М.Ч. управител и сопственик на Друштво за градежништво, трговија и услуги „Крепост ДОО“ Финансиската полиција поднесе кривична пријава поради постоење основа сомневање дека во текот на 2015 година од банкарските сметки префрлил парични средства на име позајмици на друго правно лице кои не се вратени на банкарската сметка на „Крепост“ ниту пак се пријавени како оданочливи расходи. Даночното затајување утврдено за „Крепост“ е во износ од 1.035.500 денари.

Последната кривична пријава од Финансика полиција е против А.А. управител на „Тунимакс ДООЕЛ“ од Скопје.

„Во периодот од 01.01.2013 година до 14.12.2018 година, А.А. свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговска стока евидентирана на залиха во вредност од 7.737.764 денари неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во своето сметководство како кусок, не извршил отпис на застарени побарувања од купувачи во износ од 1.574.687 денари и не ги прикажал како приходи застарените обврски кон добавувачи во износ од 3.720.255 денари, а со намера да ги прикрие инкриминираните активности не изготвил и не поднел Завршни сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Р. Македонија. Пријавениот А.А не пресметал и не уплатил Данок на додадена вредност во износ од 1.392.797 денари и Данок на добивка во износ од 1.442.542 денари. За вкупно 2.835.346 денари го оштетил Буџетот на Република Македонија“, соопшти Управата за финансиска полиција.

Кривичните пријави се поднесени до надлежните Јавни обвинителства.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Горан Наумовски

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

Орце Костов

Финансиската полиција денеска треба да влезе во Град Скопје

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Ана Ололовска

Трговци со зеленчук ја оштетиле државата за 300.000 евра: Финансиска со кривични за даночно затајување

Орце Костов