Кривична за екс директорката на онкологија

Од:

Поранешната директорка на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје, 44-годишната С.К., која сега работи како лекарка на истата Клиника, доби пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според полицијата, таа како директор не ги почитувала одредбите во договорот за набавка на лекови и го оштетила Фондот и Универзитетска клиника за околу 350.000 евра.

Лани била донесена одлука, потпишана од екс директорката, за јавна набавка за потребите на Клиниката за период од 2011-2012, а се однесувало на набавка на лекови кои се на товар на ФЗОМ. Покрај другото како дел од тендерската документација била приложена и спецификацијата на лекови меѓу кои и лек-цитостатик.

Откако бил потпишан договор со фирмите, ден пред потпишувањето, осомничената иако знаела дека во клиничката аптека има залиха од наведените лекови, набавила дополнителна количина, а цената на лекот била драстично поголема.

Без консултација со стручниот колегиум на Клиниката, според попднесената пријава, директорката изготвила и спецификација на лекови, но не специфицирала лекови кои не се на позитивната листа на ФЗОМ, а потоа за нив склучила договори со најповолните понудувачи и вршела набавка на лекови.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!