Кривична за двајца струмичани за изршени седум тешки кражби

Од:

СВР Струмица поднесе кривична пријава против  Е.А.(19) и Р.А.(21) и двајцата од Струмица, поради постоење основано сомнение дека двајцата сториле седум кривични дела „тешки кражби” на дрзок начин  во периодот јануари-март  годинава на подрачјето на Струмица.

Пријавените кражбите ги вршеле во ноќните часови претежно над женски лица кои се движеле по улица, при што на дрзок начин со употреба на сила им ги одземале женските чанти и се упатувале во непознат правец. Откако од им ги земале паричните средства, соопшти денеска МВР, чантите со личните предмети и документи ги фрлале.

Од извршените седум кривични дела причинета е вкупна материјална штета од околу 50.200 денари.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена