Кривична против правно и против физичко лице, го прекршиле Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци

Од:

Секторот за внатрешни работи – Битола до битолското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во битолското село Кравари и против битолчанецот Д.А. (38), управител во правното лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело казниво по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Како што соопштија денеска од МВР, на 30.03.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, извршиле претрес во правното лице во село Кравари, при што биле констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис.

Поднесена е и кривична пријава и против А.Б.(51) од Албанија, со привремен престој во Битола и биточаните А.Ј. (26) и А.Ј.(58), првопријавениот сопственик, а другите двајца вработени во истата фабрика за производство на масло од канабис, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

– На 30.03.2023 тројцата организирале и изнеле две вреќи со четири килограми марихуана од фабриката. Имено, А.Б. ја изнел дрогата, а А.Ј. и А.Ј. ја преземале и ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници. Во врска со случајот, судија на претходна постапка на А.Ј.(26) му одредил мерка притвор од 30 дена, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол