Кривична пријава за жител на Отишани за узурпација на државно земјиште

Од:

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Отишани, кој узурпирал земјиште во државна сопственост и започнал да гради објект.

– Кривична пријава поднесена е против З.К.(61) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Тој, на државно земјиште во селото на површина од 75 квадратни метри, неовластено и спротивно на Законот за градба, започнал да гради деловен објект, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Ова е последователна кривична пријава што ОВР Дебар ја поднесува по истата основа, кои главно се однесуваат за узурпација на земјиште во државна сопственост долж брегот на Дебарско Езеро.

Досега се поднесени над десет кривични пријави против жители на Дебар, кои узурпирале државно земјиште од 50 до над 80 квадратни метри и почнале со градба. На тој начин се стекнале со против-правна имотна корист, во износ од над 120 до 250 илјади денари.

Овој дел е еден од најубавите покрај езерото, каде во доброволни акции боровите ги засадија дебарски гимназијалци пред неколку децении.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски