Кривична пријава за “убиство во обид“

Од:

СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје го предаде  малолетното лице Б.Ј.(16) од село Арачиново, поради основано сомнение дека на 03. овој месец околу 18,45 часот на булеварот “Крсте Мисирков“ бб поточно на автобуската станица пред Стковната куќа “26-ти Јули“, со намера да го лиши од живот К.Б.(17) извадил нож и со истиот му задал пет убода во пределот на телото на истиот по што се дал во бегство.

К.Б. заедно со другарите А.Б.(16), М.М.(17), С.В.(17) и В.А.(16), враќајќи се од училиште со автобус бр.9 се симнале на автобуската станица пред Стоковната куќа “26-ти Јули“. Откако истите се симнале од автобус кон нив пришла група од повеќе млади лица на возраст од околу 16-17 години во која група бил и осомничениот. Откако групата им се приближила К.Б. заедно со другарите почнале да бегаат при што во еден момент Б.Ј. со нож во раката му задал пет убодни рани во пределот на грбот, но К.Б. успеал да побегне во правец на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“. Б.Ј. заедно со останатите од групата избегале во правец на пазарот. К.Б. откако стигнал кај автобуската станица пред Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ осетил силни болки во пределот на грбот по што со такси возило заедно со другарот М.М. заминале во Ургентен центар при “Клинички центар“ Скопје каде е примен од страна на лекар и истиот е задржан  за понатамошно лекување.

На 03.10.2012 год. во просториите на “КАРИЛ“ при “Клинички центар“ Скопје обавен е разговор со лекар во врска со карактерот на повредите на  К.Б. во кој разговор појаснето е дека истиот се има задобиено со повреди во вид на пет убодни рани со остар предмет и тоа: една убодна рана во пределот на десен граден кош странично со пробив на белодробното крило, една убодна рана во пределот на десната надлактица, една убодна рана во пределот на вратот помеѓу двете лопатки, и две убодни рани во левата лопатка во пределот на грбот кои повреди ги карактеризираше како „Тешки телесни повреди“ и истиот не е во животна опасност, а ќе биде задржан на “КАРИЛ“ за понатамошно лекување.

Од страна на Увидна екипа од Одделението за истрага на место на настанот при СВР-Скопје од повредениот земена е облека и крв кои се предадени во ОКТ при МВР на РМ за вештачење, а на 04.10.2012год. во просториите на “КАРИЛ“ при “Клинички центар“ Скопје обавен е разговор со  него. Обавен е разговор и со лицата А.Б., С.В., В.А., М.М. и Х.Е. која воедно  извршила и препознавање по фотографии. На 12.10.2012год. По приведувањето во просториите на ПС “Кисела Вода“ обавен е разговор и со осомничениот. Лицето Б.Ј. во криминалните евиденциите на СВР-Скопје минува за сторени две  кривични дела – “насилство“.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски