Кривична пријава за поштар за затајување пари за пензии и социјална помош

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал – Одделение за перење пари и финансиски криминал при СВР Скопје до надлежното основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето Ј.Д. (46) за сторено кривично дело – „затајување“ казниво по чл.239 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, според документираните сознанија од истрагата пријавениот во текот на јули годинава, односно на 9 јули, во својство на поштар вработен во АД Македонска Пошта – Подружница ЦРПС Скопје 1 Скопје ЕПМ 1060 Ѓорче Петров, постапувајќи спротивно на договорот за вршење на универзална поштенска услуга, прием и достава на пратки, противправно присвоил парични средства кои му биле доверени, а кои требало да ги достави до крајните корисници со што ја оштетил АД Македонска Пошта за сума од 400.000 денари.

Ј.Д. од главната благајна во ЕПМ 1060 Ѓорче Петров од главниот благајник задолжил парични средства во висина од 400.000, денари за исплата на пензии и социјална помош за корисниците од селата Крушопек и Лака, но воопшто не извршил нивна исплата, ниту пак за паричните средства се раздолжил во главната благајна.

Спротивно на тоа тој на 18 јули лично се јавил во просториите на АД Македонска Пошта каде што напишал изјава дека паричните средства му биле украдени од возилото и затоа не ги доставил до крајните корисници.

Од страна на СВР Скопје – ЕЕКК со пријавениот бил извршен разговор во кој појаснил дека ташничката во која ги носел парите му испаднала од појасот и не успеал да ја најде, за што на 18 јули пријавил во АД македонска Пошта и по сопствена иницијатива дал отказ од работното место.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

„Пошта“: Се работи на забрзување на царинските процедури и обработката на пратките