Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Штип

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, против И.З. (58) и И.И. (55), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле четири кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и две кривични дела „несовесно работење во службата“.

Како што соопшти МВР, И.З. во својство на градоначалник на општина Штип и И.И. како вршител на должност директор на Јавното претпријатие „Стипион 2011“ – Штип во периодот од 27.10.2015 до 12.07.2016 година во повеќе наврати ја злоупотребиле својата службена положба и овластување.

Илчо Захариев како градоначалник на општина Штип издал Одобрение и Наредба за отстранување на објекти околу градскиот базен Штип, како и продажба на истиот, без да добие согласност од Советот на општина Штип, додека И.И. несовесно постапил при спроведување на постапката на Одобрението и Наредбата за отстранување на објекти. Тој не ги одбил иако знаел дека се противзаконски, туку ги спровел и ги извршил.

На тој начин пријавените причиниле вкупна материјална штета на јавното претпријатие „Стипион“ и на општина Штип во висина од 15.412.159 денари.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски