Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Ново Село за неовластено користење на службено возило

Од:

СВР Струмица поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Ново Село, Блажо Велков поради основано сомнение дека пријавениот сторил две кривични дела, „послужување во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“.

Велков неовластено се послужил со моторното возило сопственост на општината, кое како претходен градоначалник му било доверено на користење за службени потреби, но тоа доверување истекло со престанувањето на мандатот. Тој сепак одбил да изврши примопредавање на моторното возило и си изготвил налог за патување со службено возило за Скопје, без оглед на тоа што повеќе немал овластувања за тоа.

Од страна на СВР Струмица превеземни се мерки за утврдување на наводите во пријавата, по што од страна на полициски службеници пред влезот во Струмица, кај бензинската пумпа „Лукоил“, било запрено возилото, управувано од страна на пријавениот, а како совозач била затекната неговата сопруга, која со нејзиниот мобилен телефон неовластено снимала.

При извршената контрола над возилото било констатирано дека пријавениот, го управувал возилото и за истото самиот си изготвил Налог за користење на ПМВ, сопственост на општина Ново Село за деловни потреби, без број од 18.10.2017 година, во кој било наведено дека на ден 18.10.2017 година патува на релација од Ново Село до Скопје за службени потреби.

Од страна на полициски службеници по наредба на ОЈО- Струмица, возилото – сопственост на општина Ново Село и мобилниот телефон од совозачот со потврда за привремено одземени.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење