Кривична пријава за поранешен директор на училиште, дозволил наставничка да продолжи да предава иако дипломата и била одземена

Од:

Поранешен директор на основно училиште од селото Романовце доби кривична пријава бидејќи и дозволил на наставничка да продолжи да држи настава, иако дипломата и била одземена од Државниот просветен инспекторат.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш.(63) од с.Романовце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, вработен како директор во основното училиште „Кирил и Методиј“ во с.Романовце, во текот на 2018 година не го прекинал работниот однос на вработената С.Џ.Е., согласно закон, колективен договор и претходно донесено решение од ОЈО Куманово за одземање на диплома, констатирано со записник од страна на Државен просветен инспекторат на Република Северна Македонија и допуштил таа да врши воспитно-образовна дејност во училиштето без потребната диплома.

На ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Северна Македонија од 695.621 денари, кои биле исплатени на вработената по основ на плати и придонеси за социјално и здравствено осигурување“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он