Кривична пријава за поранешен директор на „Тутунски комбинат“ Прилеп

Од:

Против поранешен генерален директор на на „Тутунски комбинат“ Прилеп, со иницијали А.Д. (48), е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ при набавка на 110.160 килограми тутун, со која била предизвикана материјална штета од 15.926.209 ден.

Министерството за внатрешни работи денеска соопштени дека пријавениот во текот на 2013 и 2014 година договорил набавка на 110.160 килограми тутун од индиско потекло и наредил нејзина исплата преку фирмата „Универзал – лиф тобако компани“ без да биде донесена одлука од одборот на директори и без склучување договор за набавка со добавувачот. И покрај тоа што пред приемот на тутунот, со дегустација на испратените мостри од соодветни лица имало забелешка дека тутунот отстапува од тежината и влагата, според пријавата, пријавениот ја прифатил понудата. При пристигнување на тутунот била сочинета приемница, а во текот на 2014 година било извршено плаќање кон добавувачот во вкупен износ од 15.926.209 денари.

– При извршената ревизија од страна на секторот за внатрешна ревизија за постапката за набавка на тутунот со индиско потекло и ревизија за продажба на режан тутун во 2012, 2013, и 2014 година биле констатирани поголем број забелешки околу набавката на 110.160 килограми тутун во текот на 2013 година, кој се наоѓал во магацините и не бил искористен при извозот на режан тутун за Албанија. Неискористувањето на предметниот тутун предизвикало поскапување заради негово одржување и пропаѓање поради губење на квалитет со што била предизвикана штета на Комбинатот. Со овие дејствија пријавениот предизвикал материјална штета од 15.926.209 ден, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он