Кривична пријава за полицаец од Деве Баир за примање поткуп

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И.Г., вработен во Полициската станица за ГП и ГН Деве Баир поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Пријавениот на 16.04.2022 од оштетениот А.Ѓ. побарал и примил парични средства за да не изврши службено дејствие кое морал да го изврши, односно му овозможил да ја помине границата без валиден негативен ПЦР тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Република Северна Македонија. Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар