СВР Охрид, поднесе кривична пријава против К.И. (60) од Охрид поради вршење полови дејствија пред две десетгодишни девојчиња.
Настанот се случил во вторникот, на 29-ти мај, кога 60-годишниот охриѓанец, инаку сосед на едно од девојчињата, околу 15 часот, ги повикал во својот двор и пред нивни очи полово се задоволувал.
Пријавениот, веднаш е приведен и лишен од слобода, додека со девојчињата извршен е разговор, во присуство на нивни родители, бранител за малолетници, и социјални работници, од Центарот за социјални работи од Охрид.
Истражен судија, му одреди мерка притвор, во траење од 30 дена.