СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Ј. (47) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Г.Ј. во неделата околу 2:15 часот во семејната куќа во населба Пржино, ја претепал мајка си Елица Ј. (77) до смрт, употребувајќи метална шипка.
На настанот му претходела вербална расправија.
На Г.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.