Кривична пријава за нелегална сеча, штета од над два милиони денари

Од:

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во село Ижиште и Б.Б.(44) од Македонски Брод, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Според МВР, пријавените, како концесионери на Шумско-стопанската единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, врз основа на договор за сеча и дотур и склучени анекси на договорот, требало да извршат сеча со дотур на 1 500 кубни метри огревно дрво и 300 кубни метри техничко дрво.

Освен тоа, противправно се исечени и однесени 291,19 метри кубни без приложени приемници за сеча и дотур, со што е остварена противправна имотна корист во висина од 653 228 денари по редовен ценовник или 2 037 700 денари по оштетовен ценовник.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска

Герила акција – Скопските дрвја во синџири

Георгиев: ЈП „Македонски шуми“ за две недели ќе ги испорача и последните количества огревно дрво

Наум Локоски