СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А. (77) од село Кшање, Кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „предизвикување општа опасност“.
На 21 јули 2017 година околу 9 часот на месноста викана „Петрева Одаја“ во село Кшање пријавениот со секира го нападнал С.Н. (63) од село Кшање. Тој со сечивото од секирата замавнал кон С.Н. и го удрил во раката, нанесувајќи му телесна повреда.
По кратко време, С.Н. излегол од својот дом за да го собере добитокот, а пријавениот повторно го нападнал со секира, но го удрил со вилата која С.Н. ја носел со себе.
На 2 август 2017 година околу 1 часот по полноќ пријавениот дошол до помошните простории на С.Н. и ги запалил сламата и сеното од покривната конструкција, по што пожарот се проширил и во останатите простории кои целосно изгореле. Во пожарот изгореле и 60 кокошки и 14 грла добиток, а С.Н. при гаснење на пожарот се здобил со изгореници по лицето и рацете.