Кривична пријава за кочанчанец кој го терал своето дете да краде

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е поднесена кривична пријава за кочанчанец кој го запоставувал своето дете и го поттикнувал да учествува во кражби.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.И.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавениот, во периодот од мај 2021 до сега, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување го запуштил своето дете, како резултат на што детето учествувало во извршување на кривични дела, кои во голем дел биле потикнати од него. Како резултат на ваквата негрижа за детето се документирани 15 кривични дела „тешка кражба“ и ,,кражба“ за кои се поднесени две известувања до ОЈО Кочани“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он