Кривична пријава за кичевецот кој застрела три лица

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против 58-годишниот жител на кичевското село Горно Строгомиште кој вчера пукаше и рани три лица во центарот на Кичево.

Кривичната пријава за А.А. (58) од с. Горно Строгомиште, е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

Тој вчера во Кичево, со пиштол „Сиг Сауер“ калибар девет милиметри пукал кон лицата А.А. (40) од село Србјани, кичевско, Д.А. (58) од Кичево и Ш.Д. ( 54) од село Грешница, кичевско.

Повредените биле пренесени во Општата болница во Кичево, по што А.А. (40) и Д.А.(58), поради сериозноста на повредите биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Повредениот Ш.А., по укажаната помош во болницата во Кичево, бил пуштен на домашно лекување.

Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Кичево извршиле увид на местото на настанот. Притоа, пронајдени биле чаури и други предмети, кои биле подигнати и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Би можело да ве интересира

Уште се полавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он