Кривична пријава за измамник од Скопје, нудел огревни дрва по поволна цена

Од:

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против Н.Д.(45) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво по член 247 од Кривичниот законик.

– Имено пријавениот, на 07.03.2021 во с. Долно Лисиче, скопско, со намера да се стекне со противправна имотна корист на оштетениот В.Ц. од Скопје му се претставил како превозник-трговец со огревни дрва, нудејќи му огревни дрва по поволна цена, ако му позајми 14.500 денари за да ја замени гумата од камионот, на кој му се натоварени дрвата за продажба. Откако ги земал парите, Н.Д. ниту донел дрва, ниту се јавувал. На тој начин го довел во заблуда оштетениот, кој му ги дал парите и еден мобилен телефон на пријавениот, со што Н.Д. се стекнал противправна имотна корист од околу 20.000 денари, соопштија денеска од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР