Кривична пријава за хигиеничарот кој нападна ученичка во ОУ во Куманово

Од:

СВР Куманово до Основно јавно обвинителство – Куманово заедно со кривична пријава го спроведе Л.М. (52) од Куманово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

МВР денеска соопшти дека вчера околу 16,00 часот, во основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово, пријавениот вработен како хигиеничар во училиштето, влегол во спортската сала и повикал 13-годишна ученичка која не вежбала на часот, да дојде со него во канцеларијата на наставниците по физичко воспитување.

Откако ученичката влегла во канцеларијата пријавениот првин започнал да разговра со неа, а потоа почнал да ја допира по телото.

Таа исплашена избегала од канцеларијата и веднаш за настанот го известила класниот раководител, а потоа делото е пријавено во СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР